Македонија ќе организира младински Мундијал во 2024 година!

Иако беше кандидат за организација на четири Светски првенства, Ракометната федерација на Македонија доби само едно на конгресот на ИХФ што се одржува во египетскиот главен град Каиро.

Станува збор за младинскиот Мундијал во женска конкуренција во 2024 година, кој би требало да се игра во два града.

Конкретните датуми ќе бидат познати дополнително, но обично младинските Светски првенства се играат на почетокот на јули.

РФМ беше кандидат за организатор и на СП во 2024 за кадетки, како и на СП во 2025 за кадети и младинци.

ИХФ ги одреди домаќините уште на седум други големи натпреварувања, а најголем дел од нив ќе се одржат на Балканот.

Кадетки, СП 2020 – Хрватска
Кадетки, СП 2022 – Грузија
Младинки, СП 2022 – Словенија
Младинки, СП 2024 – Македонија
Кадети, СП 2023 – Хрватска
Кадети, СП 2025 – Словенија
Младинци, СП 2023 – Германија
Младинци, СП 2025 – Полска