Македонија ќе има претставник во финалето на ЕП

Во текот на денешниот ден ќе се одигра полуфиналето и финалето на Европското првенство 2022.

За златниот медал ќе се борат репрезентациите на Данска и Норвешка, кои во полуфиналните битки беа подобри од Црна Гора, односно Франција.

Нашата земја ќе има свој претставник во мечот за злато. Тоа ќе биде Драган Начевски, кој ќе биде еден од двајцата делегати во финалниот дуел.

Натпреварот меѓу Данска и Норвешка ќе се одигра со почеток од 20:00 часот, додека во терминот од 17:45 за бронзениот медал ќе играат Франција и Црна Гора.