Македонија ќе игра во „Феникс Арена“ во Дебрецен – капацитетот е 8.500 гледачи (ФОТО)

Машката репрезентација на Македонија ги доби ривалите на ЕП и ќе игра против Словенија, Данска и Црна Гора во јануари следната година. Домаќин на групата А ќе биде унгарскиот град Дебрецен, кој е втор по големина по главниот град Будимпешта.

Салата во која ќе се играат натпреварите се вика „Феникс Арена“, втора по големина во Унгарија и има капацитет од 8.500 гледачи за спортски натпревари. Изградена е во 2002 година, а сега се реновира за потребите на ЕП во машка конкуренција 2022, како и за женското ЕП и СП во 2024, односно 2027 година.

До октомври би требало да биде завршено реновирањето и да биде подготвена да ги дочека Македонија, Словенија, Данска и Црна Гора и нивните навивачи.

Досега во оваа сала освен ракомет, се играло и футсал, кошарка, хокеј…а покрај спортските настани, се одржувале и музички концерти и други настани.