Македонија ЃП после четири засилувања, продолжи договори со четворица од актуелниот состав

Екипата на Македонија Ѓорче Петров продолжува со формирање на тимот за продолжението од сезоната, а покрај четворицата нови ракометари има и четворица кои ја продолжија верноста и ќе продолжат со настапите за тимот кој се натпреварува во Првата машка лига.

Во клубот останаа средните бекови Боби Неделковски и Дарко Јаневски, како и пивотите Антонио Николовски и Гавро Марковски. Тие имаат нови договори и продолжуваат да работат со екипата така што костурот останува ист како лани.

Новиот тренер Адријано Котевски ќе има доста работа. Ќе биде тешко да се обезбеди плеј-оф бидејќи првите пет одат во него, а Македонија Ѓорче Петров има седум бода помалку од Аеродром кој е петтопласиран.

Асистент на Котевски ќе биде Сашо Бајрактаров, кој ќе помага и во работата со голманите на Македонија Ѓорче Петров, па стручниот штаб е комплетиран, а наскоро се очекува и потпис со нови ракометари.

Според тоа како се работи во моментов проектот е доста сериозен така што Македонија Ѓорче Петров ќе биде сериозен ривал за секого и ќе се надева на многу бодови во продолжение од сезоната.