Македонија ЃП до лесна победа кај Риниа

Во последното 14. коло од плеј-аутот во Првата лига ракометарите на Македонија Ѓорче Петров имаа лесна задача на гостувањето кај Риниа и славеа победа со 27:33.

Домашниот состав настапи со само осум ракометари во ростерот и немаше шанси да се спротистави на гостите. Риниа добро се држеше резултат 7:7, а потоа гостите ја преземаа контролата и имаа водство од 12:16 на полувреме.

Во продолжението Македонија ЃП лесно го водеше натперварот до конечна победа. Со овој триумф тимот од Ѓорче Петров заврши на петата позиција на табелата, додека Риниа е на последното седмо место.

Во составот на Риниа уште една најефикасен беше Исмаили со 14 погодоци, а Митревски и Јакимовски постигнаа по пет. Најрасположен во екипата на Македонија ЃП беше Никола Иванов со девет гола.