Македонија стартува дома со Луксембург, двомечот со Португалија во март догодина!

Машката сениорска репрезентација ги дозна ривалите во квалификациите за настап на Европското првенство во 2024 година.

Според распоредот, Македонија во првото коло ќе биде домаќин на Луксембург, а потоа ќе гостува кај Турција. Двомечот со Португалија ќе биде следната година во март.

Пласман на континенталниот собир ќе обезбедат прво и второпласираните од осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири третопласирани селекции.

Европското првенство во 2024 година, ќе се игра во Германија од 10 до 28 јануари во седум града.

Распоред на натпревари, квалификации за ЕП 2024:

1 коло, 12/13 октомври 2022, Македонија – Луксембург
2 коло, 15/16 октомври 2022, Турција – Македонија
3 коло, 8/9 март 2023, Македонија – Португалија
4 коло, 11/12 март 2023, Португалија – Македонија
5 коло, 26/27 април 2023, Луксембург – Македонија
6 коло, 30 април 2023, Македонија – Турција

Поволна ждрепка: Португалија и Турција стојат на патот на Македонија до ЕП!