Македонија со претставник на Ф4 – Ристовска со ЦСКА Москва во бика за европскиот трон!

Единствен македонски претставник на завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе биде Сара Ристовска.

Десното крило беше меѓу главните стрелци во тимот што имаше одлични партии во групната фаза, а потоа и против Крим и ЧСМ Букурешт.

Македонската репрезентативка имаше мала повреда и го пропушти вториот меч од финалето на рускиот плеј-оф против Ростов Дон, но ќе биде подготвена за натпреварите во „Ласло Пап Арена“.

Во првото полуфинале од 15:15 часот играат Ѓер и Брест Бретањ, додека од 18:00 часот е пресметката меѓу ЦСКА Москва и Вајперс Кристијансанд.