Македонија со пораз го започна настапот на „Трофеј Карпати“

Младинската репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на традиционалниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија.

Избраничките на Јулијана Дамчевска на првиот дуел беа поразени од домаќинот со 35:29.

Младинките на Македонија иако во најголемиот дел од првото полувреме им парираа на домаќинките, сепак, на пауза заминаа со негатива од минус пет, 19:14.

Романија во вторите 30 минути ја имаше контролата на теренот и во ниту еден момент не дозволи опуштање во своите редови.

Македонија утре против селекцијата на Швајцарија ќе го одигра вториот дуел на силиот турнир.

Овие пријателски натпревари се дел од подготовките за Европското младинско првенство 2023.

Нашата репрезентација претходно настапи на силниот турнир „Четири нации“ во унгарскиот град Дабас.