Македонија и Швајцарија се надигруваа 30 минути, но заминаа без предност на одмор

Репрезентацијата на Македонија после првите 30 минути има нерешени 16:16 против Швајцарија во натпревар во кој имаше многу пресврти и неизвесност. Како што се движеа работите и едната и другата репрезентација можеа со предност да заминат на одмор, но ова е резултатот кој беше реална слика за случувањата.

Почетокот на средбата им припадна на гостите, но само првите 2-3 минути во кои Шмид постигна два гола. На овие 0:2, Македонија имаше одговор и брзо до презема водството и успеа да го диктира темпото до средината на првото полувреме.

Предноста од еден гол, сепак, брзо беше неутрализирана бидејќи на секој погодок на Македонија имаше одговор и од страна на гостите кои израмнуваа. Сепак, откако дојдоа до 5:5, следуваа три гола во серија при што во еден период имаше и играч помалку на теренот за Македонија, па во 17. минута резултатот беше 5:8.

После тајм-аутот брзо дојде до смена на резултатот. Македонија успеа да намали на 7:8, но две грешки овозможија одново да биде минус три. Противникот имаше резултат кој им даваше сигурност, но работите се менуваа, па во 22. минута одново беше еден негатива. Резултатот на семафорот беше 10:11, но веднаш после ова Маркоски беше исклучен.

Овој пат немаше последици после исклучувањето бидејќи Македонија успеа да го израмни резултатот и така да се задржи до крајот на првиот дел со оглед на тоа што главно на секој гол предност на Швајцарија, веќе во следниот напад се израмнуваше.

После првите 30 минути најефикасни во репрезентацијата на Македонија се Кузмановски со три и Талески и Маџовски со по два гола. Во составот на Швајцарија Рубин погоди шестпати.