Македонија и Португалија ќе бркаат рекорди во Скопје

Тоа што се предвидуваше по ждрепката за квалификациите за ЕП 2024, се оствари на терен – Македонија и Португалија ќе се борат за првото место во групата и повисок шешир пред формирањето на групите за континенталниот собир.

Во најавата за овој натпревар, медиа тимот на ЕХФ потенцираше дека една од двете репрезентации (доколку мечот не заврши нерешено), ќе оствари рекорд во серија на победи по ред во квалификации за ЕП.

Португалија има две победи на стартот од квалификациите за ЕП 2024 против Турција и Луксембург, а од претходно, од квалификациите за ЕП 2022, има победи над Израел и Литванија.

Победа за Македонија би била петта по ред во квалификации за континентални собири. Нашата репрезентација има два триумфи над Луксембург и Турција од тековните квалификации, а другите две се против Финска и Швајцарија од квалификациите за ЕП 2022.

Двете селекции досега имаат одиграно осум официјални натпревари, а сите завршиле со победа на домаќините.