Македонија има два гола предност на пауза против Луксембург

Машката сениорска репрезентација на Македонија во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 против селекцијата на Луксембург има предност од 14:12 на полувреме.

Избраниците на Кире Лазаров откако промашија на двапати по ред, домаќините го скршија мразот и поведоа со 1:0. Првиот гол на Македонија беше дело на Ѓорѓиев, кој израмни на 1:1, но мотивираните домаќини со два гола во низа во 5-та минута дојдоа до највисоките два гола разлика, 3:1.

Луксембург играше на посакуваното ниво, лесно ја пробиваше одбраната на ,,црвено-жолтите” и по осум минути игра ги имаше максималните два гола предност од воведниот дел, односно водеше со 6:4. До 10-та минута голманот на Луксембург, Херман имаше три одбранети удари, додека Митревски само една интервенција.

По водството од два гола разлика на домаќините, следуваше серија од 3:0 на нашата репрезентација, која најпрво изедначи на 6:6, потоа го презеде водството и поведе со 7:6. Домашната репрезентација речиси осум минути беше без реализација, а кризата ја прекина Кајсен израмнувајќи на 7:7.

Во 20-та минута Луксембург го врати водството, поведе со 9:8, откако ракометарите на Лазаров направија неколку грешки. Македонија за момент успеа да се консолидира, на пет минути пред крајот имаше ,,плус два” 11:9, но дозволи Луксембург да израмни на 11:11. Сепак, нашата репрезентација го искористи падот во играта на домаќините и пред паузата дојде до дотогаш највисоките три гола разлика, 14:11. На полувреме резултатот беше 14:12 во корист во корист за македонската репрезентација.

Гледајте ВО ЖИВО: Луксембург – Македонија (ЛИНК)