Македонија игра храбро, Романија може да падне во Скопје!

Македонија во дуелот против Романија во рамки од последното, 3. коло од групната фаза на Европското првенство има само еден гол негатива на полувреме, 13:12. Доколку Македонија триумфира против Романија, тогаш ќе обезбеди пласман во главната фаза на ЕП.

Во воведниот дел се повреде левото крило на Македонија, Јована Саздовска, која мораше да го напушти теренот и како нејзина замена во игра влезе младата Емилијана Ризоска. Првиот гол на дуелот во СЦ ,,Борис Трајковски” беше постигнат од страна на Романија, односно Неагу за почетно водство од 1:0. Македонија во 5 минута преку Ризоска израмни на 1:1 и пропушти неколку напади за водство.

По голот на Македонија следуваа два гола на романската репрезентација за највисоко водство од ,,плус два” 3:1. Мицевска во неколку наврати не дозволуваше лесни погодоци во својата мрежа, а со голот на кружниот напаѓач Сања Дабевска нашата селекција намали на 3:2. Ниту Романија не играше на ниво, па така повратничката на теренот Саздовска кон средината на првото полувреме израмни на 3:3.

Следуваше период во кој двете репрезентации влегоа во брз ритам, наизменично постигнуваа погодоци и во 15 минута резултатот беше нерешен 7:7. Македонија во секој сегмент од играта успеваше да и парира на фаворизираната Романија, која со погодоците на Неагу беше одржуваше минимална предност, но без голема комоција во играта.

09.11.2022 MKD – ROM

 

По нерешените 8:8, селекцијата на Романија со три гола во низа дојде до 11:8 во 20 минута. Кризниот период на Македонија беше прекинат со голот на Ристовска од пенал за намалување на негативата на минус два, 11:9. Откако Романија имаше 12:9, избраничките на Љубомир Савевски за момент дојдоа до еден гол негатива, 11:10. Во финишот на првото полувреме се играше во егал, романската селекција беше повеќе пофокусирана во клучните моменти и на пауза замина со минимална предност од 13:12.