Македонија во еден сегмент е најдобра на СП! (ФОТО)

Репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Полска и Шведска имаше лошо издание и во текот на утрешниот ден ќе се бори против Јужна Кореја за 27 место на Мундијалот.

Според статистиката од Светската ракометна федерација (ИХФ), нашата репрезентација е единствената селекција, која моментално има 100% реализација од седмерци.

Од 17 изведени седмерци, избраниците на Кире Лазаров немаат промашено ниту еден, па така Македонија во тој сегмент е моментално најдобрата репрезентација на Светското првенство 2023.

Најчесто изведувачи на седмерците во таборот на „црвено жолтите“ беа левото крило Дејан Манасков и левиот бек Филип Кузмановски.

Исланд има реализација од 96%, односно промашено само еден обид од 24, додека Србија има реализација од 91% со два промашени седмерци од 23 обиди.