Македонија брка трофеј и пласман на ЕП, ама без селекторот! (ФОТО)

Женската кадетска репрезентација на Македонија вечерва ќе се соочи со селекцијата на Исланд во финалето од ЕХФ шампионатот во Клаипеда.

Борбата за трофејот и место на Европското првенство за две години во кадетска и младнска конкуренција, како и за пласман на Светското првенство следната година, нашите кадетки ќе мораат да ја водат без селекторот Љупчо Савевски. Тој вчера доби црвен картон поради приговор и еден меч суспензија.

На клупата ќе биде Јулијана Дамчевска, која долго време е со националниот тим.

Нема да игра Александра Коловска, која исто така на стартот на второто полувреме доби црвен картон, па против Исланд ќе имаме 15 ракометарки во ростоерот.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра вечерва во 17:00 часот.