Македонец го „пече“ тренерскиот занает во Шведска

Тренерот од Македонија, Бобан Пашовски, кој во Шведска веќе три сезони успешно го „пече“ тренерскиот занает, во следната сезона ќе биде предводник на женскиот тим Борланге.

Се работи за клуб кој што во својата историја трипати го освојувашe шампионат на Шведска, а за следната сезона има големи амбиции во прволигашката конкуренција.

Охриѓанецот откако ја заврши својата ракометна кариера, во која настапуваше во неколку македонски екипи, започна со тренерскиот ангажман.

Неговото прво искуство како тренер беше стекнато во Македонија, поточно во својот роден град Охрид каде беше ангажиран во ракометната школа „Седмерец“.

Првиот предизвик за Пашовски со тимот на Борланге ќе бидат дуелите од Купот на Шведска.