Магија на Наи – никој вака не го совладал Ландин (ВИДЕО)

Францускиот ПСЖ ќе игра на завршниот турнир во Келн, откако го елиминира европскиот шампион Кил.

Во триумфот на тимот на Раул Гонзалес, најмногу се истакнаа Елохим Пранди со девет гола и крилото Дилан Наи со шест.

Еден од погодоцоите на Наи, кој на лето оди во Келце, веројатно ќе си најде место на ТВ шпиците за дуелите од ЛШ.

Тој на атрактивен начин во финишот на мечот го совлада голманот на Кил, Никлас Ландин. Погледнете….