Магдебург не дозволи изненадување против Горење тргна со победа во ЕХФ купот

Екипата на Магдебург мораше добро да се испоти за да стигне до првата победа во главната фаза од Купот на ЕХФ. Совладан беше тимот на Горење со 32:26, кој го елиминираше Металург во двомечот за пласман во групната фаза.

Бундеслигашот одлично го отвори натпреварот поведе со 5:2 и го контролираше мечот. Во 20. минута Магдебург имаше двојно повеќе голови од противникот, беше 12:6. Сепак до крајот на првиот дел Горење успеа да ја намали негативата на само два, 13:15.

Горење после одморот започна да игра подобро, успеа да ја стопи предността на Магдебург и да поведе со 18:17. Но тоа беше се што направија, Магдебург повторно го подигна нивото на игра, ја зацврсти одбраната и брзо го врати резултатот во своја корист. Во последните пет минути домаќинот влезе со пет редност, 27:22 и немаше проблеми да го приведе мечот до крај и да ја оствари првата победа во главната фаза од Купот на ЕХФ.

Филип Кузмановски настапи на натпреварот и имаше добро издание во одбраната, а  успеа да реализира еднаш од четири обиди обиди во напад. Најефикасен во составот на Магдебург беше Петерсон со девет погодоци, а во екипата на Горење пикерот Бојаниќ беше најпрецизен со пет гола.