Магдебург го освои Монпелје, Рајн Некар и Кадетен забележаа победи

Во дербито од вечерниот термин во Лигата на Европа, екипата на Магдебург оствари значајна победа на гостувањето кај ривалот Монпелје со 30:32 во интересен натпревар.

И на останатите терени беше возбудливо, а фаворитите стигнаа од планирани победи со исклучок на Спортинг кој непријатно беше изненаден на гостувањето кај Татран и беше поразен.

Составот на Славко Голужа одигра добар натпревар и после шест порази во Лигата на Европа стигна до првата победа. Татран во поголемиот дел од мечот беше во негатива, на полувреме беше 12:13, а со фантастичен финиш успеа да направи пресврти и да триумфира со 24:21

Рајн Некар ја совлада Татабања со 37:30 и ја продолжи серијата лоши резултати на унгарскиот претставник. Исто така и Кадетен оствари нова победа откако славеше противм Тримо Требње со 24:21, иако на полувреме гостите имаа предност.