Лука Циндриќ: Целта во Египет е златниот медал

Еден од најважните ракометари во репрезентацијата на Хрватска, Лука Циндриќ, верува дека неговата репрезентација може да стигне до златниот медал на Светското првенство во Египет.

Плејмекерот на Барселона, е уверен во квалитетот на сите репрезентативци на Хрватска, но има голема мотивација и желба за игра бидејќи поради повреда не можеше да и помогне на својата репрезентација на завршните натпревари на последното Европско првенство.

Во коментар за РТЛ ТВ, ги сподели своите впечатоци за победата против Шпанија, како и амбициите на Хрватска за Светското првенство во Египет.

“Можеме да бидеме задоволни пред мундијалот, победата е секогаш битна и јас сум горд на своите соиграчи. Мислам дека добро игравме и сите покажаа добра партија. Повредата на Европското првенство се случи и јас се надевам дека сега никој нема да се повреди и сум сигурен ако сите бидеме здрави ќе стигнеме многу далеку. Глупо е да се натпреваруваш и да тренираш без амбиција. Јас кога тренирам, имам волја и цел пред себе, тоа секогаш е злато”.

 

Хрватска во Египет силите во првата фаза ќе ги одмери со репрезентациите на Катар, Јапонија и Ангола. Својот прв натпревар Хрватска ќе го одигра против Јапонија на 15 јануари.