Лошото минато за заборав – Братска љубов меѓу Хрватите и Србите пред „војната“ (ФОТО)

Репрезентациите на Хрватска и Србија вечерва ја имаат својата пресметка во рамките од второто коло од групната фаза на Европското првенство.

Хрватска на Европското првенство стартуваше со пораз од Франција, додека Србија на стартот беше супериорна против селекцијата на Украина.

Навивачите на Хрватска и Србија имаа средба во центарот на Сегед. Без непријателско расположение, на кое некои се навикнати, тие испратија порака дека може мирно да се навива на сите нивни дуели од сите спортови.

Натпреварот меѓу Хрватска и Србија ќе започне со почеток од 20:30 часот. Судии на оваа средба ќе бидат Роберт Шулце и Тобијас Тонис од Германија.