Лоши вести за Веспрем и Египет – заврши сезоната за Јахија Омар!

Репрезентативецот на Египет и актуелен член на Веспрем, десниот бек Јахија Омар на вчерашниот натпревар против Висла Плоцк во 40 минута заработи тешка повреда и мораше да го напушти теренот.

Од унгарскиот гигант соопштија дека искусниот ракометар ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено.

Неговото опоравување ќе трае подолг временски период, па така сезоната за еден од носителите на играта во Веспрем е веќе завршена.

Тоа значи дека Омар нема да настапи на Мундијалот во јануари, на кој неговата репрезентација ќе игра против селекциитее на Мароко, САД и Хрватска во рамки од групната фаза.

Веспрем на позицијата десен бек го има на располагање младиот Зоран Илиќ. Најверојатно унгарскиот вицепрвак за остатокот од сезоната ќе ангажира ново засилување во своите редови.