Линдберг се проба и како голман, дури забележа и одбрана (ВИДЕО)

Ракометарот на Фуксе Берлин, Ханс Линдберг денеска одигра фантастична партија на гостувањето во Швајцарија кај Винтертур во рамките од Лига на Европа.

Неговиот тим успеа да запише победа од три гола разлика, 30:27, а Линдберг натпреварот го заврши како најефикасен со десет постигнати погодоци од исто толку обиди.

Фуксе Берлин во ростерот имаше само еден голман Дејан Милосављев, но тој во финишот доби исклучување од две минути, па мораше еден од играчите да го замени.

Данецот Линдберг го чуваше голот на својот тим и успеа да го одбрани ударот од противничката екипа.

Интервенцијата од страна на Линдберг беше во периодот кога во редовите на Фуксе Берлин имаше исклучено двајца ракометари.