Лигата на шампиони се враќа во „Боро Чурлевски“, германски судии за Еурофарм Пелистер и Колстад

Со дуелот меѓу македонскиот првак Еурофарм Пелистер и норвешкиот првак Колстад, следната среда ќе започне новата сезона во Лигата на шампионите.

Европската ракометна федерација веќе ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло.

Мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Колстад ќе го судат Германците Шулце и Тониес, додека делегат ќе биде Павичевиќ од Црна Гора.

Овој натпревар се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ на 13 септември со почеток во 18:45 часот.