Ливриниќ е херојот на Бузау – на пет секунди до крајот донесе победа над Рапид (ВИДЕО)

Македонските репрезентативки кои настапуваат во романскиот шампионат продолжуваат со одличните партии. Елена Ливриниќ, со гол на пет секунди до крајот донесе победа за екипата на Глорија Бузау над Рапид Букурешт, 25:24.

Ливриниќ иако постигна два погодоци сепак во клучните моменти даде свој придонес и донесе нови бодови за екипата од Бузау. Втората репрезентативка во екипата, Марија Штериова, не настапи на овој натпревар поради повреда.

Глорија Бузау со новата победа има шанси за втората позиција на табелата во домашното првенство.

Елена Ѓорѓиевска и Магура Чиснадие беа поразени од силниот тим на ЧСМ Букурешт со резултат 31:25. Македонката на овој натпревар беше втор стрелец за Магура со шест погодоци.

Четвртата Македонка во романскиот шампионат, Јована Саздовска, имаше одмор поради настапите во Лига на Европа со Дунареа Браила.