Лесен „тренинг-меч“ за Вардар во Струга: „Вардарци“ на два чекора до титулата

Вардар очекувано “дојде, виде и победи“ во Струга, каде домаќинот настапи со само 11 играчи, а гостите на теренот беа со „вториот тим“ и на крајот триумфираа со 32-22 (15-10) во 12 коло од машката Супер лига. За „црвено-црните“ остануваат уште две средби на кои треба да победата за да ја прослават рекордната 14. титула.

На две кола до крај на првенството Вардар има 33 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер, но скопјани се со подобра меѓусебна гол разлика. Струга останува на последното 8. место на табелата во плејофот со само три бода, и без победа пролетва во разигрувањето за титулата.

Струга беше само тренинг, па знаејќи дека домашните немаат седуммина стандардни играчи, Вардар одигра колку што требаше. Искусните од првата постава останаа на клупата. Тргнаа гостите од Скопје со водство кое го задржаа, а во првото полувреме беше на моменти и со „плус 7“. Неизвесно беше само со колкава разлика ќе победи Вардар, зашто стружани немаа доволно играчи во составот за да можат и да парираат.

Димитар Димитриоски во овој период беше најефикасен со 6 гола, а во првата седморка на гостите играа оние што поретко влегуваат во игра, или пак повеќе играат во одбрана, како случајот со Векиќ. Иако разликата во квалитетот беше навистина очигледна, вардарци сепак примија десет гола во првото полувреме. Струга иако беше со млади играчи, не се посрамоти во првото полувреме давајќи отпор во одбрана, но и борејќи се во напад за секоја топка.

За само десет минути играње во второто полувреме Вардар набрзина направи серија и од „плус 5“ стигна до „плус 11“ и водство од 23-12. Се веќе беше решено околу победникот, па се чекаше само крајот на средбата. Домашните за момент намалија три гола од негативата, а во 51 минута Струга намали на 19-27. Немаше никаква драма на теренот зашто гостите и со вториот тим беа посилни од ослабените домаќини. На крајот разликата остана двоцифрена во корист на гостите.

Најефикасен играч на натпреварот беше Димитар Димитриоски со 11 гола, а кај домаќините Христијан Крстановски и Филип Пајкоски постигнаа по 6 гола.
Во следното коло Вардар гостува кај Пролет, а Струга го игра „езерското дерби“ со Охрид.

26 мај 2021
22 - 32
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
26 мај 2021 20:44 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 26.05.2021 60'

Место

Спортска сала Тими

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СТРУГА1022Пораз
ВАРДАР 19611532Победа

СТРУГА

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
2Васко Шеваљевиќлев бек00
3Патрик Валчакпивот05
4Томислав Јагуриновскидесен бек12
5Стојанче Стоиловпивот00
8Димитар Димитриоскилево крило011
9Гоце Георгиевскидесно крило00
11Мартин Карапалевскицентрален бек05
15Кристијан Дисингерлев бек00
18Ловро Јотиќцентрален бек01
21Глеб Каларашпивот00
27Иван Чупиќдесно крило00
28Филип Талескилев бек14
31Тимур Дибировлево крило00
44Јосип Векиќдесен бек34
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 532

Officials

Судии:Делегат:
ИЛИЕВСКИ МЕТОДИЈА
ИЛИЕВСКИ МИХАЈЛО
КАЛАНОСКИ СЛАВЧО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515