Лемго и помладиот Лемке потпишаа нов договор

Еден од покорпулентните ракометари во Бундес лигата, Јари Лемке (помладиот 23 годишен брат на Фин Лемке) доби нов договор и ја продолжи верноста кон тимот на Лемго зауште една сезона.

Тој ќе игра во овој тим и во сезоната 2020/21 така што ќе добие можност да биде еден од главните дефанзивци во тимот.

Се работи за ракометар кој има над 200 сантиметри и над 100 килограми така што со него екипата на Лемго задржува цврстина во одбраната и добива на сила во нападот.

Инаку, проблемите кај него беа тоа што тој имаше тешка повреда на коленото поради која долго време беше надвор од терените.