Лекиќ и Пино не можеа сами, Будуќност без 11 ракометарки падна во финишот во Копривница

Ракометарките на Подравка и Будуќност одиграа возбудлив натпревар во првото коло од Лигата на шампиони за жени во кој по едно полувреме им припадна на двата тима.

На крајот првите бодови ги освои домашниот тим од Хрватска кој после голем пресврт во второто полувреме го совлада Будуќност со 29:26.

Црногорскиот тим имаше подобро издание во првиот дел, рано направи предност од 8:2 и во продолжението не дозволи Подравка да се врати резултатски, а највисоката предност беше девет гола. Во финишот на првиот дел сепак Подравка успеа да намали и на полувреме беше 17:12 за гостинскиот тим.

Во вториот дел улогите беа сменети, подобриот тим беше Подравка, на почетокот направија серија од 5:0 и ја стопија негативата на противникот. До крајот на мечот се играше неизвесно, но постојано предността беше на страна на домашниот тим кој успеа да ја сочува до крај и да оствари голема победа од 29:26 над фаворизираниот тим.

Будуќност на овој дуел беше некомплетен, а тоа беше најавено уште пред заминувањето за Хрватска, па оттаму неиграњето на дел од ракометарките си го стори своето. Немаше 11 ракометарки, а најефикасна беше Андреа Лекиќ со девет гола. Уште една поранешна вардарка Алисон Пино беше стрелец на шест гола.

Во останатите два натпревари кои се играа денеска ЧСМ Букурешт беше поуспешен од Мец на свој терен со 31:26, додека Есбјерг триумфираше на гостувањето кај Битигхајм со 26:33.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО

ГРУПА А

КРИМ МЕРКАТОР – КРИСТИЈАНСАНД           26:27 (9:14)

ФТЦ РАИЛ КАРГО – РОСТОВ ДОН        25:26 (12:16)

БИТИГХАЈМ – ЕСБЈЕРГ  26:33(12:19)

ЧСМ БУКУРЕШТ – МЕЦ 31:26(17:10)

ГРУПА Б

ЦСКА МОСКВА – ЃЕР       27:27 (14:14)

ОДЕНЗЕ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД         32:27 (13:13)

БРЕСТ – РАМНИЦУ ВЛЧЕА          28:21 (12:12)

ПОДРАВКА – БУДУЌНОСТ 29:26(12:17)