Легендарниот Ривера става крај на тренерската кариера

Тренерот на репрезентациајта на Катар, Валеро Ривера како што пренесуваат шпанските медиуми ќе ја прекине својата тренерска кариера по Олимписките игри во Токио 2020 година.

Катар сè уште нема обезбедено пласман на ОИ, но е еден од главните кандидати за пласман на Олипискиот турнир кој се игра во Доха. Главни конкуренти на Катар се Бахреин, Иран и Кореја која ќе настапи ослабена без осумте играчи кои беа исклучени заради пиење алкохол.

Валеро Ривера тренерската кариера  ја започнал во 1983 година во Барселона, потоа беше селектор и на Шпанија. Со репрезентацијата на Катар работи од 2013 година, а во 2015 година стигна до сребрениот медал на домашниот шампионат.