Легендарниот Каменица поднесе оставка од сите фукции во матичниот клуб!

Легендарниот босански стратег, Касим Каменица, поднесе оставка од сите функции во неговиот матичен клуб Горажде.

Каменица во босанскиот суперлигаш беше претседател и тренер и со своите избраници обезбеди опстанок во најквалитетното натпреварување во БиХ.

Според босанските медиуми, неговата оставка е поради тоа што клубот немал голема финансиска поддршка од градот.

Искусниот тренер во својата кариера ги предводеше најдобрите клубови на целиот Балкан – Вардар, Еурофарм Пелистер, Целје, Загреб, Нексе, Партизан, Војводина…

Освен Вардар и Пелистер, Каменица во Македонија беше дел и од Младост Богданци и од женскиот првак Ѓорче Петров.