Легендарна руска репрезентативка му се враќа на ракометот

Една од легендите на женскиот ракомет и поранешна репрезентативка на Русија , Емилија Туреј, повторно се враќа во ракометот, пишува порталот „Брз Центар“.

Русинката ќе ја извршува функцијата спортски директор на амбициозната екипа, Астраханочка. Моментално тренер на Астраханочка е Црногорецот Влатко Ѓоновиќ.

Екипата од Астрахан во рускиот шампионат успеа да ја совлада ЦСКА Москва, клуб фаворит за освојување на титулата, но исто така покажа и добри партии во Лига на Европа.

Туреј во својата ракометна кариера го носеше дресот и на поранешниот европски шампион, Шлагелсе. Беше дел и од Копенхаген, Ичако, Ростов Дон и ЧСМ Букурешт. За Астраханочка настапуваше на почетокот на нејзината кариера, како и во сезона 2012-2013.

Со репрезентацијата на Русија го освои златниот медал на Светските првенства во 2005, 2007 и 2009 година. Со нејзиното пристигнување во Астраханочка, екипата би можела да добие и квалитетни засилувања за следната сезона.