Легендарна Бразилка за историја: Петтипат ќе игра на олимписки турнир

Репрезентативката на Бразил, Александрa до Насцименто за два месеци ќе наполни 40 години, но уште е активна на терените и ќе го има својот петти настап на олимписките турнири.

До Насцименто дебитираше на Олимписките игри во Атина во 2004 година кога го освои 7. место. Четири години подоцна во Пекинг беше на 9. позиција, додека во Лондон во 2012 година, Бразил загуби од Норвешка во четврт-финалето и финишираше на 6. место.

Во 2016 година селекцијата на Бразил беше домаќин во Рио де Жанеиро, но не успеа повторно. Уште еднаш беше поразена во четврт-финалето овој пат од Холандија со 23:32. На крајот го имаше најдобриот пласман бидејќи заврши на 5. место.

Сега во Токио До Насцименто и колешките имаат нова шанса иако знаат дека ќе биде многу тешко да се изборат за висок пласман бидејќи селекциите од Европа уште еднаш влегуваат како големи фаворитки.