Легендарен голман на Швајцарија се повлекува од репрезентацијата

Искусниот голман на Берн, Аурел Бринголф реши да се повлече од репрезентацијата на Швајцарија отстапувајќи им го местото на помладите голмани во националниот тим, пренесува официјалниот сајт на ракометната федерација на Швајцарија.

Бринголф, кој има 34 години, за Швајцарија настапуваше од 2008 година и беше дел од селекцијата во сите големи подеми и падови. Во националниот дрес одигра вкупно 82 меѓународни натпревари.

Искусниот голман ќе продолжи да брани на клупско ниво. Моментално го носи дресот на Берн, а во својата кариера настапуваше и за Амичитија Цирих, Кадетен Шафхаузен, Винтертур…

Со својата репрезентација учествуваше на Европското првенство во 2020, на кое Швајцарија ја освои 16. позиција, додека на Светското првенство во Египет со своите репрезентативки колеги исто така завршија на 16. позиција.