Лани играше за Вардар – сезонава е дел од трите најквалитетни лиги!

Словенечкиот пикер Домен Сикошек Пелко минатата сезона се промовираше на европската сцена како член на Вардар, но по една неполна година во Скопје, потпиша договор со шпанската Ла Риоха.

Во Шпанија ги започна подготовките за есенскиот дел од сезоната, но не заигра бидејќи беше позајмен во германскиот Фленсбург.

Таму ги менуваше повредените пикери, остави одличен впечаток, но кон крајот на декември заврши позајмицата, 23-годишниот Словенец се врати во Асобал лигата и играше за Ла Риоха.

Сега повторно ќе биде позајмен, но во францускиот Трембле. Иако е надвор од преодниот рок, таму ќе биде „медицински џокер“, по повредата на еден од играчите на францускиот клуб.

Пелко за неполни две сезони може да се пофали дека беше дел од четири квалитетни лиги – Лигата на шампионите, Асоба лига, Бундес лигата и француската лига.