„Ландин е најдобриот голман на сите времиња“

Предводени од фантастичниот на голот Никлас Ландин Кил го победи Магдебург во финалето во германскиот куп и стигна до нов трофеј. По освоениот трофеј пофалби за Ландин стигнаа и од противничкиот табор.

За левото крило на Магдебур Матијас Муше Ландин е најдобриот голман на сите времиња.

„Не сакам да ги потценам другите голмани кои играле во своето време, но веројатно Ландин е најдобриот голман на сите времиња. Тој е голман кој дава огромна сигурност на целиот тим и може да ве предводи до освојување на трофеи“, изјави Муше.

Ќе потсетиме Ландин во редовите на Кил ќе биде до летото 2023 година кога завршува неговиот договор со германскио тим. Следен клуб за Ландин ќе биде Алборг со што се враќа во Данска после 12 години. Во кариерата Ландин настапуваше уште за Копенхаген, ГОГ Гудме, Бјерингбро Силкеборг и Алборг.