Лазаров со мотивациска порака за ракометарките: Верувајте во себе, Македонија е со вас

Денес репрезентацијата на Македонија во рамки од 2. коло на Европското првенство ќе се соочи со Холандија, која во првото коло забележа минимален триумф над Романија.

По убедливиот пораз од Франција на стартот на Европското првенство, избраничките на Љубомир Савевски во денешниот дуел против Холандија ќе дадат сѐ од себе за да се покажат во подобро светло, но и да дојдат до изненадување доколку противникот нема свој ден.

Поддршка за денешниот натпревар на Македонија даде и легендата на македонскиот ракометар Кирил Лазаров, кој испрати мотивациска порака за младата македонска репрезентација. Погледнете ја ТУКА.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во СЦ ,,Борис Трајковски”.