Лазаров скрати список – 21 ракометар во конкуренција за Луксембург и Турција

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кире Лазаров, го објави скратениот список на ракометари пред стартот на квалификациите за ЕП 2024.

Лазаров ќе смета на 21 ракометар, меѓу кои и тројца интернационалци, додека 18 ракометари се од домашното првенство.

Собирот ќе биде на 9 октомври во 14:00 часот, па затоа дел од суперлигашките натпревари од 5 коло ќе се одиграат в четврток и петок.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 12 октомври против Луксембург од 19:00 часот во Скопје, додека вториот натпревар ќе биде против Турција на гости во градот Ван на 16 октомври од 16:00 часот.