Лазаров одличен, но Кузмановски си замина со цел плен од гостувањето во Франција

Дуелот помеѓу македонските репрезентативци Кирил Лазаров со Нант и Филип Кузмановски со Магдебург во ЕХФ купот заврши со победа на гостинскиот тим од 31:28.

Двајцата наши репрезентативци имаа добри изданија на натпреварот. Кирил Лазаров беше најефикасен во својот тим со шест гола и главен предводник во обидот за пресврт во второто полувреме. Филип Кузмановски постигна два гола во победата на својот тим, а имаше и важна улога во одбраната.

Магдебург имаше фантастично издание во првото полувреме особено во завршните минути кога успеа да направи висока предност. Тимот на Кузмановски по првите 30 минути имаше предност од 15:9. Во продолжението Нант имаше добри минути кои донесоа израмнување и предност од еден гол кој беше најава на голем пресврт. Сепак, во завршницата посконцентрирани беа гостински играчи и не дозволија голем пресврт.

Дамгард и Шмид со по седум гола беа најзаслужни за победата на Магдебург, а во тимот на Нант Лазаров беше прв стрелец со шест, Балагер погоди петпати. Магдебург е прв на табелата по три одиграни кола и има максимален ефект, додека Нант е втор со две победи и еден пораз пред Горење со два бода и Адемар Леон без бодови.