Лазаров на терен, Нант со нова победа

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров полека се враќа во форма после враќањето на терените, а денеска со тимот на Нант на гостувањето кај Данкерк со 25:20.

Лазаров беше на терен, а успеа да постигне два гола од пет удари.

Средбата имаше интересен тек и двете екипи беа близу со бројот на погодоци. Сепак, немаше простор за голема предност од некој од тимовите, па долго не беше познато кој ќе може до бодовите.

Нант успеа да го скрши отпорот на Данкерк во финишот од средбата кога дојде до предност од четири гола, а на крајот од овој дуел беше 25:20, со што Нант продолжува со добрите игри и останува високо на табелата во најсилната лига на Франција.