Лазаров и Нант ја стартуваа сезоната со трофеј

Не можеше подобро да започне сезоната за француски Нант. Eкипата на најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров го освои првиот пехар во претсезоната.

Нант е победник на турнирот кој се одржа во Сан Себастијан. Во полуфиналето Нант беше подобар од Натурхаус Ла Риоха од Логроњо со 33:28, а во финалето го надигра и тимот на Бидасоа Ирун со 24:37.

Францускиот тим е третопласиран од минатата сезона во првенството и четвртопласиран во Лигата на шампионите, а во сезоната 2021/22 ќе се натпреварува во групната фаза на Лига Европа.

Тимот на Лазаров во новата сезона покрај обврските во домашниот шампионат, ќе настапува во Европската лига.