Лазаров и Нант со празни раце, ПСЖ се радуваше на триумф во француското дерби

Во рамки на 12. коло од француското првенство Нант и ПСЖ го одигра дербито на колото. Составот на Кире Лазаров беше поразен на домашен терен со 24:26.

Првото полувреме беше максимално израмнето, ПСЖ поведе 2:4 и 4:6 на што Нант одговори со серија од три гола за 7:6. До крајот на првиот дел ПСЖ обезбеди предност од 11:12.

Второто полувреме гостите подобро го отворија и во 40. минута беше 15:18. Оваа преднист успешно ја задржаа до крајот за нов триумф. Еден од најзаслужните за победата нс ПСЖ беше голманот Жерар со 19 интервенции.

Кире Лазаров постигна четири гола на натпреварот од кои еден од седмерец. Со овој пораз Нант останува на шестата позиција додека ПСЖ го задржа максималниот ефект и е на врвот на табелата.