Лазаров и Нант победнички се враќаат од гостувањето кај Монпелје

Во дуелот на тимовите кои во 2018 година се судрија во финалето од Лигата на шампионите, Монпелје и Нант победи гостинската екипа со 29:28, а тоа беше одличен ден за Кире Лазаров и колегите.

Нант одигра одлично второ полувреме во кое на моменти имаше и предност од 3-4 гола разлика. Позитивата беше постојана така што играчите на Монпелје имаа проблеми за да успеат да се вратат во ритам. Со оглед на тоа што во тимот на Нант недостига Гурбиндо, Лазаров имаше многу поголема минутажа и за времето минато на терен успеа да погоди петпати од шест удари.

Единствено Валеро Ривера кој имаше шут 6/9 беше поефикасен од него, додека кај поразениот состав Килијан Вилемино беше најефикасен со четири погодоци.

Со оваа победа екипата на Нант успеа да скокне на 2. место и сега има шест бода помалку од лидерот ПСЖ, а два повеќе од Ним, Монпелје и Тулуз кои следат на табелата од 3. до 5. позиција.