Лазаров и Нант без мака до завршниот турнир во Купот на Франција

Тимот на Нант, каде што настапува македонскиот репрезентативен капитен Кире Лазаров, обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Франција.

Во рамките на четвртфиналето од ова натпреварување, Нант беше подобар од Иври со убедливи 43-26.

Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога домашните обезбедија дупла предност, 24-12.

Лазаров беше стрелец на три погодоци од три обиди, а подели и три асистенции до соиграчите.