Лазаров има топ во раката – со проектил ја „искина“ мрежата на Милосављев (ВИДЕО)

Селекторот на македонската репрезентација, Кире Лазаров со пет постигнати погодоци беше предводник во победата на Нант против Фуксе Берлин, 33:30, во реванш натпреварот од осминафиналето во Лига на Европа.

Лазаров беше незадржлив на теренот и уште еднаш покажа дека годините се само бројка, а класата вечна.

Еден од погодоците на Лазаров во првиот дел беше вистински проектил во мрежата на некогашниот вардарец, Дејан Милосављев.

Лазаров го наполни голот на Фуксе, Нант приреди сензација!