Лазаров: Вардар ни покажа дека чуда се случуваат, но нереално е дека ќе играме на СП во Египет!

Машката репрезентација на Македонија на почетокот на јули би требало да го одигра бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Египет.

Ривал на избраниците на Данило Брестовац ќе биде селекцијата на Франција, која многумина ја прогласија за сигурен патник на Мундијалот следната година.

Капитенот Кире Лазаров вели дека не е реално да играме на СП, но дека треба да веруваме во чудо.

„Не реално да одиме во Египет. Не сакам да пренесам некој нереален оптимизам. Франција исто така има смена на генерација и има благ пад. Треба да се проба. Во спортот секогаш има изненадувања. Треба да се верува. Најлошо ако е проработи нашиот менталитет и однапред да мислиме дека ќе загубиме 15 разлика. Еве Вардар ни докажа дека чуда се можни, иако не се реални, и мислам дека тој наш менталитет мора да почнеме да го менуваме, тоа е нашиот најголем проблем не само во спортот, туку и оппшто во животот“, изјави Лазаров.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Франција ќе се одигра во Скопје на 1 или 2 јули, додека реваншот е во Франција на 4 или 5 јули.