Лазаревски: Имаме шанса против Горење, но мораме да бидеме трпеливи

Еден од ракометарите кои имаат настапи и за сите репрезентативни генерации на Македонија, Милан Лазаревски размислува позитивно пред денешниот дуел против тимот на Горење. Тој верува дека може до добар резултат, но знае дека ќе мора добро да се одработи доколку се сака позитивен резултат.

Верува дека Металург би можел уште вечерва да се стекне со предност и потоа на реваншот да одигра помирно, но во исто време знае дека за да се случи тоа ќе мора да се одработи дисциплинирано.

„Имаме шанса за добар резултат. Го анализиравме противникот и гледавме натпревари. Се работи за екипа што е доста слична на нашата. Имаат млад тим, ги почитуваме, знаат да играат. Имаат и слаби страни, не стaртуваа добро во првенството, загубија четири натпревари и иако фаќаат победнички ритам, сметам дека сè уште не се стигнати до нивното најдобро ниво. Тоа е и наша шанса, но мораме да одиграме трпеливо, дисциплинирано и фокусиран“, коментираше пивотот Лазаревски.

Средбата почнува од 20 часот, а се игра во „Рдеча дворана“ во Велење.