Лазаревиќ: Анализиравме што треба да поправиме за да се вратиме на победите!

Ракометарите на Струга во натпревар од 4. коло во плеј-аут фазата на свој терен ќе го пречекаат составот на Голден Арт.

Избраниците на Ферукоски токму против тимот од Скопје ќе ја бараат првата победа во битката за опстанок во македонската елита.

Стружани на претходните три дуела беа поразени од екипите на Куманово, Скопје и Прилеп.

Еден од главните играчи во тимот на Струга, Урош Лазаревиќ е оптимист за саботниот натпревар и се надева дека со неговите колеги ќе одиграат на максимално ниво.

,,Играме пред нашата публика која е секогаш нашиот осми играч, го анализираме противникот и подготвени сме да го покажеме својот максимум. За прв пат играме со ракометарите на Голден Арт и можам да кажам дека извлековме поука од трите порази, анализиравме што треба да поправиме и да се вратиме на победничкиот ритам. Нашата игра зависи исклучиво од нас самите, имаме многу млади играчи и мораме да ги намалиме грешките, да донесеме правилни одлуки во одредени моменти, да ја подобриме реализацијата и да победиме секого. Има уште многу натпревари и се надеваме дека ќе направиме серија на победи и нема да имаме проблеми”, изјави Лазаревиќ.

Натпреварот меѓу Струга и Голден Арт се игра во сабота, 4 март, со почеток од 17:30 часот во спортската сала „Нико Нестор“.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО13101232
2ПРИЛЕП1291230
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
4ВАРДАР НЕГОТИНО1280424
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1131713
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142