Куп на Германија: Кузмановски елиминиран, Фуксе Берлин и Мелсунген во четврт-финале

Ракометарите на Магдебург чиј член е Филип Кузмановски, претпреа пораз на гостувањето кај Фуксе Берлин во рамки на Купот на Германија и беа елиминирани во осминафиналето. Фуксе Берлин пласманот во четврт-финалето го обезбеди со минимална победа од 31:30.

Првото полувреме им припадна на гостите кои го добија со 16:15, а на почетокот на вториот дел Фуксе Берлин направи серија од 3:0 и дојде до водство кое успешно го чуваше до крајот на мечот. Муше беше најпрецизен во тимот на Магдебург со шест гола, а Петерсон постигна четири. Филип Кузмановски уште еднаш не доби шанса да настапи. Ернст со пет гола беше најефикасен во екипата на Фуксе Берлин.

Во вториот денешен натпревар Мелсунген триумфираше на гостувањето кај Лајпциг со 30:27 и е третата екипа која избори четврт-финале. Мелсунген имаше добар почеток а заработената предност ја одржа до крај забележувајќи важна победа и продолжување на победничката серија.