Купот на Африканските нации одложен за 2021 година

Натпреварите од Купот на Африканските нации во женска конкуренција кои требаше да се играат од 2 до 12 декември годинава се одложени за следното лето.

Истите треба да се играат од 11 до 20 јуни.

Поради коронавирусот нема услови за одржување на средбите и затоа уште сега доаѓа до одложување на средбите и истите ќе може да се играат дури следната година.

Инаку, местото на одржување на турнирот останува без промени. Домаќин ќе биде Камерун, а на натпреварувањето ќе учествуваат 24 селекции.