Куманово според планот и лесно против Пелистер за Ф4 во Купот

Ракометарките на Куманово рутински остварија пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија откако ја совладаа екипата на Пелистер во Битола со 49:24 во финалето од групата Д.

Кумановки доминираа во текот на целиот натпревар и уште од почеток најавија убедлив триумф. После 2:2 следуваше огромна серија 11:1 на Куманово за големо и недостижно водство.

Ракометарките на Пелистер немаа сили за поголем отпор и нивната негатива постојано се зголемуваше. На полувремето беше 8:21 и веќе по првите 30. минути беше решен победникот.

Вториот дел беше формалност, Куманово го полнеше голот на противникот за на крајот да се дојде до убедлива победа од 25 гола разлика. Со овој триумф кумановки направија уште еден чекор кон одбрана на титулата во Купот на Македонија и обезбедија пласман на фајнал форот.

ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО 24:49 (8:21)

Сала: Боро Чурлевски во Битола. Судии: Наташа Глигороска и Викторија Прентоска од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ПЕЛИСТЕР: Гецовска, Ѓоргиевска, Босиловска, Николоска, Етемовска 2, Станоевска, Милосављевиќ 8, Спирковска, Срезоска, Кајческа, Наумовска 3, Тодоровска, Дишковска, Белевска 3, Јанкуловска 8, Гроздановска .

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 6 мин.

КУМАНОВО: Пецанова 3, Трајковиќ 7, Ивановска 7, Борзовска 4, Јовановска, Шарановиќ 5, Чокели 1, Јанкулвска 7, Кипријановска 7, Митровиќ, Џакмиќ, Т.Краљевска 2, Цветановска, Бечирхоџиќ, Паскал, Н.Краљевска.

Седмерци: 7/10. Исклучувања: 8 мин.