Куманово славеше над Груде и е на чекор до првото место во ВРХЛ

Ракометарките на Куманово на четвртиот турнир во ВРХЛ лигата кој се игра во Подгорица триумфираа на најголемиот конкурент за првата позиција, составот на Груде со 29:27 во првиот натпревар.

Ова беше најважниот дуел за кумановки на кој требаше да го совладаат противникот барем со два гола за да можат да се надеваат на првтото место во групата. Сега, откако остварија важна победа се на чекор до првото место, а за да го освојат потребно е утре да слават против домаќинот на турнирот Рудар.

Уште по првиот дел Куманово имаше предност од два гола 16:14, а во продолжението успеа да го сочува и да стигне до неопходната победа. Најефикасна во тимот на Куманово беше Александра Боризовска со шест гола, а Леонида Гичевска и Јована Кипријановска постигнаа по пет гола. За тимот на Груде, Николина Вукчевиќ беше убедливо најефикасна со 12 гола.

Одлучувачкиот натпревар против Рудар се игра во недела со почеток во 17 часот.

КУМАНОВО – ГРУДЕ 29:27 (26:14)

Сала: Универзитетска спортска сала во Подгорица. Гледачи: 80. Судии: Миљан Вешовиќ и Новица Митровиќ. Делегат: Предраг Павичевиќ.

КУМАНОВО: Косановиќ, Марковиќ, Пецанова, Трајковиќ 1, Ивановска 3, Гичевска 5, Боризовска 6, Шарановиќ 4, Чокели 2, Јанкуловска 2, Кипријановска 5, Наумовска, Глигоријадис 1, Радевска, Цветановска.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 8 мин.

ГРУДЕ: Вуклиш, Бракиќ, Милош, Солдо 2, Никиќ, Бобан, Глобаревиќ, Вујиќ2, Касумачиќ 7, Микулиќ 1, Ловриќ, Борас 3, Брнада, Пеливан, Вукчевиќ 12.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 10 мин.